Насер Ал-Келаифи ја презема претседателската функција во Европската клупска асоцијација и стана најблизок соработник на Александар Чеферин по епизодата „Супер лига“.
Додека клубовите-бунтовници трошат енергија, ја извртуваат реалноста и пукаат во празно, ние останатите продолжуваме напред во обид да изградиме уште подобра иднина за европскиот фудбал. Нема да трошам повеќе време да зборувам за 18. април и за не толку супер лигата, бидејќи не сакам да зборувам за пропаднати проекти.
И додека Барселона се соочуваше со банкрот, па едвај ја спаси краткорочно ситуацијата со заем од половина милијарда евра, ПСЖ направи ѕвезден тим, расфрлајќи се со многу пари за плати на најголемите ѕвезди, меѓу кои и Лионел Меси. И Ал Келаифи, тврди, работеле за доброто на фудбалот
„За разлика од нив, ние работиме за доброто на фудбалот, за европскиот фудбал да го направиме подобар. Мора да имаме посилни врски со УЕФА, мора да бараме начин за стабилност на комплетниот фудбал, зашто и пред пандемијата имавме сериозни финансиски проблеми на глобално ниво, а сега милионите евра долг ќе бидат покриени од УЕФА. Мора и финансискиот фер-плеј да го смениме и работиме на тоа, а итно мора да се посветиме и на календарот за репрезентациите. Најмногу од сѐ, мора да ја исфрлиме политиката од фудбалот, не смее да има притисоци од властите во земјите“, додаде Ал Келаифи.