УЕФА одлучи фудбалерите кои биле заразени со коронавирус или целосно вакцинирани против оваа болест повеќе нема да мора да прават тестови на Ковид-19 пред натпреварите.

Оваа одлука која сѐ уште не е официјално објавена, најверојатно ќе почне да се применува од идната недела, кога стартува новата сезона во европските купови, Лигата на шампионите, Лига Европа и новоформираната Конференциска лига.

Голем број од фудбалерите се вакцинирани, исто така има и прележани па сигуирно дека одлуката е дочекана со одобрување. Останува да се види дали ова ќе се применува и во Македонија затоа што покрај УЕФА, во секоја земја треба да потврдат и здравствените власти.