Се одиграа преостанатите седум натпревари од петтото коло од квалификациите за Светското првенство во европската зона.

Во групата Ј, Германија ја „потопи“ Ерменија со 6:0 и се врати на лидерската позиција во групата, додека Романија беше подобра од Лихтенштајн со 2:0 и се вклучи во борбата за втората позиција која води до бараж.

Шпанија ја декласираше Грузија со 4-0 во групата Б и ја врати лидерската позиција од шведскиот тим. Во истата група, Косово и Грција ремизираа 1: 1.

Интересно беше во групата И. Полска очекувано го совлада Сан Марино со висок резултат. Конечниот резултат гласеше 1:7, но ова е уште една одлична ноќ за малиот Сан Марино откако постигна гол, па овие квалификации ќе завршат со гол. Порано се случуваше циклусот да заврши без удар. Нани ја затресе мрежата на Полска во 48. минута.

Дербито на вечерта го одиграа Швајцарија и Италија во групата Ц и тоа беше натпревар кој разочара бидејќи заврши со резултат 0:0.

И конечно во групата Е, Белгија ја потврди доминацијата и ја совлада Чешка со сигурни 3-0.