Адриан Мартинез го одбележа натпреварот против Аргентина затоа што имаше брутален старт врз еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси.

Стартот на Мартинез беше навистина жесток, но за среќа Меси помина без посериозно да се повреди. Мартинез разбирливо заработи директен црвен картон.

Тој по натпреварот испрати извинување.

 „Немам зборови за тоа што се случи. Сите кои ме познаваат, добро знаат дека никого не би повредил со намера. Сакам да се извинам на целата екипа и ја преземам целата одговорност“, изјави Мартинез.

Мартинез на натпреварот заработи црвен картон и по него Аргентина убедливо и лесно ја победи Венецуела со 1-3.