Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски денеска од Ислан рече дека групата во која се наоѓаме е изедначена и имаме шанси ние да завршиме на втората позицијата.
„Сега сме во Исланд, да пробаме да ги надохнадиме тие изгубени шанси. Играчите кои немаат минутажа, мислам дека тоа не е проблем. Тука се останува позади нас, максикмално сме спремни и го даваме максимумот за црвениот дрес. Мислам дека оваа група е изедначена, да ја тргнеме настрана Германија, и мисалм дека за второто место имаме сите шанси“, истака Спировски.
Тој го коментираше и реми натпреварот со Ерменија за кој рече дека сме имале многу шанси но не биле искористени, додавајќи дека тоа било прв натпревар со новиот селектор.
„Натпреварот со Еерменија беше прв за нас со новиот селектор. Прв натпревар, нови замисли, нови идеи, мислам дека добро се прилагодивме на стилот на игра што го бара селекторот. Да речам Ерменија добро се бранеше, ние не ги искористивме тие шанси кои ги имавме“, додава Спировски.