ИХФ одлучи Светското првенство во 2023 година за ракометари да се одржи во две земји.

Поточно, домаќини на првенството ќе бидат Полска и Шведска.

Ова ќе биде 28. преглед на најдобрите ракометни селекции во светот, а датумот на настанот е од 11 до 29 јануари 2023 година.

За Полска ова е првпат да биде домаќин на Светското ракометно првенство, додека од друга страна, Шведска по петти пат е домаќин на ракометното Светско првенство.

Полска ќе ги официјализира градовите домаќини во наредниот период, додека Шведска има пет градови во игра, и тоа Гетеборг, Малме, Стокхолм, Кристијанштад и Јонкопинг.

Учеството на ова првенство го обезбедија домаќините на репрезентациите на Полска и Шведска и Данска како бранител на титулата.