Македонската фудбалска репрезентација денеска го одигра натпреварот од 4. коло од квалификациите за СП 2022. каде за противник ја имаше репрезентацијата на Ерменија.

Мрежите мируваа. Имаше по неколку одлични шанси на двете страни, но сепак резултатот остан 0:0.

Нашата репрезентација прикажа одлична игра, како во нападот така и во одбраната. Создадовме неколку одлични шанси, но сепак недостасуваше реализација.

На 8-ми септември, на денот на независноста, нашата репрезентација ќе се соочи со репрезентацијата на Романија.

ФОТО: Денис Дуковски | SPORTM.mk