Македонската фудбалска легенда, Артим Шаќири има нов тренерски ангажман и тоа во Швајцарија.
Шаќири ќе го замени Мурат Јакин, кој се сели на чело на швајцарската фудбалска репрезентација. Шаќири во минатото работеше во Пеброк од Малта, како и Кукеси и Шкендија.
Шафхаузен ја започна сезоната со една победа на пет натпревари во швајцарската втора лига.
Шаќири има 73 настапи за македонскиот национален тим, и постигна 15 голови.