Финецот по 20 години реши да се повлече од „најбрзиот циркус“, а информацијата ја објави преку социјалните мрежи. Тој е еден од најдобрите возачи во Формула 1 шампионатот во последните 20 години.
„Toa е тоа. Ова ќе биде мојата последна сезона во Формула 1. Ова е одлука што ја направив во текот на минатата зима. Тоа не беше лесна одлука, но по оваа сезона време е за нови работи. Иако сезоната сe уште трае, сакам да им се заблагодарам на моето семејство, на сите мои тимови, на сите вклучени во мојата тркачка кариера и особено на сите вас, одлични фанови кои навивавте за мене цело ова време. Формула 1 може да заврши за мене, но има многу повеќе во животот што сакам да ги доживеам и да уживам. Се гледаме после сето ова! Со почит Кими“, напиша Финецот на инстаграм.
Раиконен во текот на кариерата возеше за Заубер, Мекларен, Ферари, Лотус и Алфа Ромео, каде што ќе стави крај на богатата кариера.
Тој дебитираше во шампионатот во 2001 година на трката за ГН на Австралија, возејќи за тимот на „Заубер“. По „Заубер“, возеше за „Мекларен“ пет години, и ја освои единствената титула во „Ферари“.
Оваа сезона, тој освои два бода во натпреварувањето, додека во досегашната кариера, запиша 103 подиуми и 18 пол-позиции на 344 трки.