Во овој период се наоѓаме во период кога во некои првенства се уште траат подготовките и не може да бараме завидна форма кај фудбалерите и тоа може да ни биде минус, рече денеска селекторот на македонската репрезентаација Благоја Милевски кој најави и освежување во тимот.

„Животот оди понатака. Неминовно е освежување на репрезентацијата и тимот и тоа само по себе си носи одредени промени во самиот тим. Досега според мое мислење се засноваше се она како изгледаше репрезентацијата врз индивидуални квалитети на поедини играчи, итенцијата сега ќе ни биде како треба да функционираме како тим“, рече селекторот на А македонската репрезентација, Благоја Милевски.

Македонија утре ќе ја пречека Ерменија во 4. коло од квалификациите за Светското првенство 2022 година во Катар.