Вториот ден заврши на последниот грен слем во сезоната на УС Опен, а возбудата не изостана.
За првата приказна оваа сезона се погрижи американскиот 18-годишен тенисер Захариј Свајд, кој го победи Италијанецот Марко Секинато со 1:3. Резултатот во сетови беше 6:7, 7:5, 4:6,4:6 во корист на Американецот кој создаде една од најголемите сензации на Грен слем турнирите. Имено, Свајд дојде на УС Опен со покана од организаторите, и моментално е 716 -та тенисер во светот и е најлошо рангиран тенисер која постигна триумф на Грен слем во ерата на Опен.
Тинејџерот имаше уште едно шоу, па така 18-годишниот дански тенисер Холгер Рун успеа да го откине сетот на најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ. Тенисерот од Србија славеше со 3:1 во сетови по 2 часа и 16 минути игра. Беше 6:1, 6:7, 6:2 и 6:1 за Ѓоковиќ во сетови.
Свајд е роденаво 2003 година, Рун во 2002 година, и многумина предвидуваат многу добра тениска кариера за нив. Судејќи според споменатите натпревари, тоа може да се оствари.
УС Опен продолжува вечерва кога се закажани првите натпревари од второто коло во двете конкуренции.