Она што беше објавено синоќа, беше потврдено вечерва.

Едуард Камавинга потпиша шестгодишен договор за Реал Мадрид, а доаѓа од Рен.

Тој е репрезентативец на Франција и голем талент кој се поврзуваше со многу тимови, и донекаде изненадувачки, конечно пристигна веста за неговото заминување во Мадрид.

Реал се обиде да го доведе Килијан Мбапе, на крајот кога трансферот пропадна, односно кога веќе беше јасно дека ПСЖ не го продава својот најдобар стрелец, Кралевите се свртеа кон младиот офанзивен играч.

Камавинга е најмладиот играч што играл за Рен во историјата на клубот (16 години и еден месец), а доби шанса и во француската репрезентација.

Тој постигна гол на неговиот втор настап за националниот тим и стана најмладиот фудбалер што го направил тоа од Морис Гастигер во 1914 година.

Се верува дека Реал ќе им плати на Французите 30 милиони евра како отштета за 18-годишниот талент.