Ајнсли Мејтланд-Нилс сакаше да го напушти Арсенал, Евертон беше во преговори со Топџиите околу неговиот трансфер, а кога целата приказна пропадна, казната стигна за играчот.

Евертон беше заинтересиран да го донесе Ејнсли Мејтланд-Нилс во последните денови од преодниот рок. Клубот од Ливерпул испрати понуда и до Лондон, преговорите беа во тек, а потоа Арсенал ја блокираше целата зделка.

Кога трансферот беше блокиран, Мејтланд-Нилс објави на својот профил на Инстаграм во една реченица:

„Сe што сакав беше да одам некаде каде што тие ме посакуваат и каде што можам да играм“.

Според британските медиуми, клубот не гледал позитивно на неговата објава.

Наводно, му било кажано дека нема да тренира со првиот тим по блокираниот трансфер.