На пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу бугарските нисколигаши Лисичево и Черногорово, удрил гром, при што загинал 41-годишниот тренер на домашниот тим, Иван Ранчев.

Тројца играчи од клупата биле само полесно повредени при ударот на гром, јавува бугарската агенција БТА.

“Натпреварот започна во 18:30 часот и избувна бура веднаш по почетокот. Уште пред да успеат да го прекинат натпреварот, блесна молња и удри гром. Тренерот и играчот паднаа на земја, и покрај тоа што спасувачите се обидоа да го оживеат тренерот, тој не преживеа “, го опиша трагичниот настан градоначалникот на Лесичево, Димитар Вринчев кој најавил истрага и обнова на громобранскиот систем на стадионот.