Српскиот репрезентативец, Душан Влаховиќ потврди дека добил многу понуди, но сепак одлучил да остане во Фиорентина.
21-годишниот напаѓач блесна минатата сезона во дресот на Фиорентина и постигна 21 гол во Серија А.
Влаховиќ беше мета на многу европски гиганти, Атлетико Мадрид и Тотенхем испратија богати понуди, но Фиорентина ги одби.
„Имав навистина топ-понуди од различни клуови летово. Зборуваме за одлични суми и за мене и за клубот, но никогаш не инсистирав на заминување. Напротив, моја желба беше да останам овде. И тоа ќе ми се исполни, останувам во Фиорентина“, изјави Влаховиќ.