Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола од вчера се во Брест, Белорусија, каде денеска со почеток во 16 часот, ќе се обидат да ја анулираат разликата од -4 од Битола, и да се реваншираат за поразот на Мешков Брест, во рамки на четврт-финалето од СЕХА лигата.
Меѓусебните пресметки, по фузијата и создавањето на новиот проект на битолчани се на страната на Мешков. Белорусите имаат три победи во СЕХА дуелите од 2019 година до сега, а Еурофарм Пелистер се надева на прво славје.
Потсетување, на првиот меч одигран во салата „Боро Чурлевски“ во Битола играчите на Жељко Бабиќ загубија со резултат 27:31.
До успех „пелистерци“ ќе траба да вложат многу напор и залагање во сите 60 минути, како и рекоа и тренерот Бабиќ, Кизиќ, Периќ и останатите.