ПСЖ направи фантастичен преоден рок ова лето, и секако најголемо засилување е доаѓањето на Лионел Меси.
Меси одлучи да го напушти Барклеон по 17 сезони бидејќи не можеше да го продолжи договорот поради финансиските проблеми на каталонскиот клуб, иако се беше договорено претходно.
Аргентинскиот фудбалер ги шокираше навивачите на Барселона пред две недели кога потврди дека заминува, и донесе одлука да потпише за ПСЖ.
Меси потпиша двегодишен договор со Парижаните, а овој викенд ќе дебитира за францускиот клуб.
Покрај Меси, ПСЖ ги донесе Вајналдум, Рамос и Донарума без надомест, што е навистина фантастична работа.
За доаѓањето на Меси во ПСЖ зборуваше и голманот на овој клуб, Кејлор Навас, кој рече дека му требало време да се навикне на Аргентинецот. Навас призна дека на тренинг Меси знаел да буди болни спомени додека бранел во Реал Мадрид.
“Кога Меси постигнува голови на тренинзи, тоа предизвикува болни спомени кога бранев во Реал Мадрид и кога игравме против Барселона. Ми даде неколку голови кои и денес ме прогонуваат. Сепак, повеќе би сакал да го имам во мојот тим отколку против себе. Среќен сум што сум тука“, рече Навас.
ПСЖ во недела игра на гости кај Ремс, а тренерот на овој тим, Маурисио Покетино, потврди дека Меси најверојатно ќе биде во конкуренција за овој натпревар.
“Минатата недела беше многу добра за Меси и тренираше максимално. Се надеваме дека ќе продолжи вака оваа недела и ако се оди според планот за викендот, ќе биде во конкуренција за првенствениот натпревар”, изјави Покетино.