Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис се најде во стартниот состав за денешниот натпревар од второто коло на шампионатот во Англија против Вулверхемптон.

За 34-годишниот голман, ова е 300-ти меч во англиската Премиер лига. Французинот стана рекордер по број на настапи на лондонскиот клуб во Премиер лигата.

Лорис во Тотенхем е од 2012 година. Претходно бранеше за Лион и Ница. За француската репрезентација има одиграно 129 натпревари.