Во последниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига, вечерва во Струмица, Академија Пандев ја победи Ренова со 2:1, иако гостите од Џепчиште водеа по првото полувреме.
Со новите три бода, Академија Пандев е осамена на врвот на табелата.
Резултати на другите натпревари одиграни денес:
Борец – Брегалница 1:1
Скопје – Пелистер 1:0
Работнички – Тиквеш 2:1
Шкендија – Македонија ЃП 4:0
Струга – Шкупи 4:2.
Табела: Академија Пандев 10 бодови, Струга 8 бода, Ренова 7, Шкупи 7, Работнички 7, Македонија ЃП 6, Шкендија 5, Скопје 5, Брегалница 4, Борец 4, Тиквеш 1, Пелистер 0.