Српскиот напаѓач Лука Јовиќ очигледно ќе остане во Реал.

Шпанскиот „АС“ наведува дека Јовиќ ќе добие уште една шанса, а Марино Дијаз ќе го напушти клубот.

Фудбалерот од Бјелина играше само 32 пати за еден од најголемите клубови во светот и постигна два гола.

Последната половина од сезоната ја помина на позајмица во Ајнтрахт, а се споменуваше дека сега ќе го напушти Мадрид, но тоа нема да се случи.

„Мојот приоритет е да бидам во квалитетна лига и да играм. Во мои години по времето кога бев повеќе на трибините отколку на теренот, важно е да играм сега. Ако заминам повторно, се надевам дека ќе биде некаде каде што ќе го препознаат мојот квалитет и каде ќе бидам во стартниот состав“, рече неодамна Јовиќ, додавајќи.

„Знам колку можам. Се обидувам да оставам најдобар можен впечаток на тренинзите и да го покажам својот квалитет. Претходните две сезони можеа да бидат подобри, но тогаш се случи многу. Сакам да им покажам на сите дека не дојдов во Реал случајно“.