Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски ќе се обиде да собори уште еден рекорд на легендарниот Герд Мулер, легенда на Баерн, кој за жал почина неодамна по долга и тешка болест.
Минатата сезона, Левандовски успеа да го надмине рекордот на Мулер од 1979 година по бројот на постигнати голови во една сезона во Бундеслигата, а сега се обидува да собори уште еден интересен рекорд.
Имено, Милер постигна најмалку еден гол на 16 последователни натпревари во дресот на Баерн и тоа беше во сезоната 1969/70, додека Левандовски во моментов е во серија од 14 последователни натпревари.
Полјакот ќе се обиде денеска да ја продолжи серијата против Келн, а доколку постигне гол, му останува уште еден натпревар за да го израмни славниот Германец, а потоа да се обиде да го „прескокне“.
Досега, Роберт Левандовски одигра 331 натпревар за Баерн Минхен во сите натпреварувања во кои постигна 297 голови и запиша 65 асистенции.
Тој постигна 278 голови во Бундеслигата и се уште е далеку зад Мулер, кој со 365 голови е апсолутен рекордер на германското првенство.