Легендарниот филипински боксер Мани Пакјао беше поразен од Јорденис Угас во Лас Вегас во борба за ВБА Супер титулата во велтер категорија.
Пакјао беше поразен со едногласна одлука на судиите (115:113, 116:112, 116:112) во веројатно неговата последна борба.
Филипинецот не беше во рингот две години и очигледно тоа остави трага.
“Не знам дали ова е крај. Прво ќе се одморам, а потоа ќе ја донесам таа одлука”, изјави Пакјао по 12 кола и пораз.
Покрај тоа што планира да стави крај на боксерската кариера, Пакјао планира да се кандидира за претседател на својата земја. Со оглед на популарноста што ја има во својата земја, можно е да победи.