Македонската одбојкарска репрезентација е поразена во финалето на 45-то издание на меморијалниот турнир „Бранко Хаџиилијоски – Чајка“ со 3:1 во сетови од Словачка, со што Словаците се освојувачи на овој турнир. Претходно двете селекции славеа со по 3:0 против селекцијата на Црна Гора.
За „Спартанците“, ова беше последна контрола пред настапот на септемвриското Европско првенство.