Фудбалерите на Барселона утре ќе играат на гости против Атлетик Билбао во второто коло од Примера.
Роналд Куман денеска одржа прес -конференција пред утрешниот натпревар каде зборуваше за моменталната ситуација во каталонскиот клуб.
Една од темите беше Миралем Пјаниќ и Самуел Умтити, кои не се натпреваруваат за утрешниот натпревар, што е уште еден показател дека Холанѓанецот не смета на нив. Куман е свесен дека се во тешка ситуација, но нивниот статус нема да се промени доколку останат во клубот.
“Пјаниќ и Умтити се во многу тешка ситуација и тоа ви го признавам. Немам ништо ново да додадам за тоа”, рекол Куман.
Во центарот на вниманието беше и младиот Илаикс Мориба, кој одби да го продолжи договорот со клубот, поради што беше префрлен во јуниорскиот тим. Куман рече дека му е жал што толку млад играч размислува така.
“Разговарав со него пред неколку недели повеќе како човек отколку тренер на Барселона. Тој е во ужасна ситуација. Тој е иднината на клубот и воопшто не тренира или игра со нас. Знам што може клубот да му понуди и мојот совет е дека парите не се најважни. Најважно е играњето. Сепак, тој и неговите агенти одлучија поинаку. Разочаран сум бидејќи повеќе верувам во фудбал отколку во договори. На 18 години, парите не смеат да бидат толку важни за вас“, рече тренерот на Барселона.
Холандскиот стручњак го коментираше и Брајтвејт, кој беше брилијантен во првото коло со два гола, но се уште не е јасно дали ќе остане во клубот.
“Знаеме каква е ситуацијата во клубот, ако има интерес за него, ќе ја слушаме понудата. Тој покажа дека е важен за тимот, ми се допаѓа да работам со него. Дисциплиниран е и ја прифаќа својата улога, Мислам дека тој треба да остане со нас “.