Еден од најдобрите НБА шутери Девин Букер конечно доби шанса за одмор. По долгата сезона во која со Феникс играше финале на НБА лигата, каде беа поразени од Милвоки и настапот на Олимписките игри во Токио, Букер конечно може да ужива во приватниот живот.
Тој одлучи да оди на крстарење по медитеранот и тоа во друштво со познатата манекенка Кендал Џенер, една од најубавите жени во светот во моментов.