Сите љубители на фудбалот со нетрпение очекуваат да го видат Лионел Меси на дело во неговиот нов клуб.

Иако поминаа девет дена, бурата во фудбалскиот свет се уште не се смирува откако Меси потпиша за ПСЖ

Волшебникот од Аргентина одлучи да ја напушти Барселона по долга серија години и да се обиде во рангот на францускиот великан.

Со неговото пристигнување, клубот од Паркот на принцовите го заврши ударниот напад составен од Меси, Мбапе и Нејмар и со тоа стана убедливо првиот фаворит за освојување на Лигата на шампионите и француската Лига 1.

Парижаните триумфално започнаа во домашното првенство со две победи во исто толку натпревари (Троа 2:1, Стразбур 4:2), а викендов ги чека нова игра.

Противник на вицешампионот на Франција ќе биде тимот на Брест, и сите се прашуваат дали на тој натпревар ќе го видиме Меси во дресот на ПСЖ. На тренерот на овој тим, Маурисио Покетино, му беше поставено токму ова прашање од печатот.

“Се уште не сме одлучиле за составот, ќе процениме дали Меси може да биде дел од него. Се е позитивно. Има добра атмосфера во тимот и тој добро и брзо се среди”, изјави аргентинскиот стручњак.