Секој тренинг на ПСЖ во последно време предизвикува интерес, како и индивидуални натпревари, пред се поради силните sвезди во тимот.

По доаѓањето на Лионел Меси, најпишувано за тимот е заминувањето на Килијан Мбапе од тимот и незадоволство од младата француска sвезда.

Претходно се шпекулираше дека Мбапе побарал дозвола да го напушти клубот, но сe уште нема ништо од тоа. Сепак, алармите исто така беа активирани со видео од една од последните тренинзи.

Имено, на видеото се гледа како Мбапе влегува на теренот сосема сам, дистанциран од сите други играчи. Го стори тоа полека и неволно, што многумина го толкуваат како знак дека е сит.

Инаку, во средата се појави информација дека Мбапе им кажал на соиграчите во соблекувалната дека ќе остане и ќе игра за ПСЖ и оваа сезона.

Сепак, на прес -конференцијата пред натпреварот против Брест, тренерот Маурисио Покетино одби да ја потврди оваа информација, згора на тоа, тој дополнително разбуди страсти.

„Знаеме дека Килијан е наш играч и сакаме да остане во ПСЖ. Тој е мирен и се подготвува за натпреварот“.

„Не можам да потврдам дека тој им рече на играчите дека ќе продолжи со нас. Ако тоа им го каже на група играчи не сум тука, разговарам со него само за фудбалот. Има уште една година договор и не знам дали ќе продолжи, иако ми покажува дека е среќен со нас“, заврши аргентинскиот стручњак.

Мбапе е голема желба на Реал Мадрид и 22-годишниот фудбалер сака да го носи дресот на Лос Бланкос, па затоа ќе биде интересно да се проследат последните 10 дена од преодниот рок.