Трката за Големата награда на Јапонија нема да се одржи ниту оваа година.
Иако некако успеаја да ги организираат Олимписките игри летово поради пандемијата, Јапонците нема да организираат трка во Формула 1 ниту оваа година.
Според планот, трката требаше да се одржи на патеката Сузука во истоимениот град на 10 октомври, но нема да има ништо од тоа.
„По разговорите со организаторите и властите во Јапонија, тамошната влада одлучи да ја откаже трката поради сложената ситуација поврзана со пандемијата на коронавирус во земјата. Формула 1 сега работи на деталите за ревидираниот календар и конечните одлуки ќе бидат познати во наредните недели“, се вели во соопштението на Формула 1.
Последната трка во Јапонија беше возена во 2019 година кога конечно славеше Валтери Ботас од Мерцедес.
Покрај трката во Јапонија, оваа сезона се откажани и трките за ГН на Австралија, Сингапур и Канада.
„Формула 1 оваа година како и во 2020 година докажа дека може да се прилагоди и да најде решенија за постоечките неизвесности и ние сме возбудени поради нивото на интерес за домаќин на трката“, се додава во соопштението.
Следната трка во календарскиот шампионат Форум 1 е закажана за 29 август за Големата награда на Белгија.