Олимпискиот херој, Дејан Георгиевски беше на прием во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски. На лице место му покажа дел вештините кои што ги поседува. Дејан Георгиевски освои сребрен медал во таеквондо на ОИ во Токио и е единствениот македонски олимпиец од вкупно осум кој што дома се врати со медал.