Заминувањето на Лионел Меси од Барселона го остави дресот со бројот 10 празен во овој клуб.

Засега, никој не се осмели да ја земе легендарната „десетка“, но многу брзо може да добие нов сопственик, и тоа многу изненадувачки.

Според каталонскиот весник Мундо Депортиво, клубот му го понуди дресот со број 10 на бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо, кој до неодамна беше отпишан на „Камп Ноу“.

Наводно, тренерот на Барселона, Роналд Куман е подготвен да му даде уште една шанса на 29-годишниот фудбалер во тимот, па дури и му подготви дрес со број 10, кој претходно го носеа вистинските легенди Лионел Меси и Роналдињо.

Кутињо лесно може да стане нова „десетка“ на каталонскиот клуб. Ова е шанса што веројатно не ја очекуваше бидејќи постојано зборуваше за негово заминување од клубот.

Бразилскиот фудбалер на Камп Ноу пристигна во јануари 2018 година од Ливерпул за речиси 160 милиони евра, но не се прослави.

Кутињо играше 90 пати за Барса во изминатите три години. Тој постигна 24 гола и помина една сезона на позајмица во Баерн Минхен со кого освои апсолутно се.

Пред Барселона и Баерн, бразилскиот фудбалер го носеше дресот на Ливерпул пет години, а играше и за Интер, Васко да Гама и Еспањол. Неговиот договор со Барса го обврзува до летото 2023 година.