ПСЖ успеа да ги доведе Рамос, Донарума, Вајналдум и Меси, без да им плати ниту едно евро на нивните претходни клубови.
Клубовите од најсилните лиги во светот ќе продолжат да ги чувствуваат последиците од финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, така што скапите трансфери нема да бидат толку чести како што беа пред две години.
Се разбира, ако сеуште постојат екстремно стабилни клубови кои се подготвени да одвојат огромни пари, најдобар пример секако се богатите Англичани, додека се уште има голем број на оние чија каса е празна.
ПСЖ одлично ја искористи моменталната ситуација и со серија звучни засилувања и актуелниот играчки кадар создаде вистински фудбалски дрим тим кој има врвни играчи практично во сите делови на тимот.
Реал Мадрид, најгламурозниот клуб во светот, се наоѓа во група великани кои немаат пари како порано, па Кралскиот клуб веќе прави план да создаде фантастичен тим по рецептот на светците од Париз.
Угледниот АС денеска објави дека Реал планира да донесе бесплатно дури пет навистина одлични играчи. И дека процесот на убедување и регрутирање веќе е во тек да не се продолжи соработката со сегашните тимови.
На радарот се Антонио Рудигер (Челзи), Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Леон Горецка (Баерн) и Едуардо Камавинга (Рен) и како шлаг на тортата Килијан Мбапе од ПСЖ. На сите им истекуваат договорите во јуни.
Тоа се фудбалери кои играат на високо ниво веќе неколку години, а нивното доведување бесплатно би било полн погодок.
Во Реал, тие веќе го донесоа Алаба бесплатно. Сфаќајќи дека ова беше одличен потег поради голем број фактори, „кралевите“ имаат намера истото да го сторат следното лето со дури пет играчи. Останува да видиме дали ќе успее.