Својата промоција во нова светска ѕвезда Кристијано Роналдо ја доживеа во Манчестер Јунајтед. Ја продолжи во Реал, па и Јувентус. Но, сепак токму на „Олд Трафорд“ тој ги доживеа се чини моментите од кариерата поради кои е тоа денеска што сите го знаеме.

Манчестер Јунајтед, заедно со Реал Мадрид е клубот кој го посакува Роналдо во своите редови. Двата клуба се заинтересирани да го вратат Португалецот. Сепак,се појави уште еден гигант. Тоа е Манчестер Сити на Пеп Гвардиола, пишува Кориере дело Спорт.

Сепак, истиот медиум тврди дека мали се шансите ова лето Роналдо да се пресели на „Итихад“. Тоа наводно ќе се случи следното лето. Потругалецот ќе остане во Јуве, ќе го доработи договорот, а потоа следното лето како слободен играч ќе се пресели таму. Наводно целта на Гвардиола во нападот е да го имаа Роналдо, Хари Кејн, кој имал усмен договор, но Тотенхем засега не го пушта, и Грилиш за кого Сити плати оваа сезона рекордни 117 милиони евра.