Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ по победата над Швајцарија од 67:61 и пласманот во квалификациите за СП, изјави дека е задоволен од победата, додавајќи дека овој тим од натпревар во натпревар напредува се повеќе.

-Морам да им честитам на момците, одговорија на задачите кои ги поставив за мечот. Морам да бидам презадоволен од тоа прво полувреме и од самиот меч во кој противникот го спуштивме на 60 поени. Нервозата се јави во вториот дел. Но таа е сосема нормална во вакви важни натпревари. Не ја гледам разликата, најважна е победата. Овие кошаркари покажуваат напредок од меч во меч и сигурно е дека ова ќе биде една сјајна екипа во следниот период. Публиката беше голем ветер во грбот за нас. Во последните две минути момците покажаа карактер. Се фрлаа на паркетот, имаа контрола на скокот и во одбраната. Тие се виновни за овој резултат кој го имаме. Ни останува уште еден натпревар до крајот, се надевам дека и тој ќе го победиме, изјави Бајиќ.