Финансиската состојба во Барселона не е сјајна, а за ова одлучи да проговори и првиот човек на тимот Жоан Лапорта. Тој претрпе бројни критики поради тоа што Меси замина, а се чини дека овој чекор бил неминовен, со оглед на тоа дека долгот на Барселона изнесува неверојатни 1,35 милијарди евра.

– Претходната управа лаже, не смее да побегне од одговорностите. Тие ги игнорираа финансиските контроли. Немаше смисла тоа што го прават. Краткорочно, преземаа голем ризик за клубот и сакаа само да дојдат до сопствен успех. Тие заведоа 68 милиони евра како смалување на платите, а всуштност тоа беа бонуси кои мора да се исплатат на крај на договорите. Барселона има мрежна вредност од 451 милион и долг од 1,35 милијарди евра.

Лапорта вели дека веднаш откако стапил на функцијата земал позајмица од 80 милиони евра за да ги исплати платите. Имаат и кредит од 551 милион евра за стадионот, па се чини дека финансиските проблеми, освен заминувањето на Меси, ќе спречи во блиска иднина вложувања во големи трансфери.