Селекторот Кирил Лазаров имаше што да види во овие пет натпревари на Македонија на ЕХФ Шампионатот за ракометари до 19 години. Како селектор и на сениорската селекција, тој директно видеа каков „материјал“ има нашата земја.

По поразот во финалето од Полска со 35:33 селекторот изјави:

„ Ова ни покажува дека сите држави во младинските категории, не само најдобрите, туку сите, вложуваат и се трпеливи за резултат. Мора да промениме многу работи, пред се во клубовите и да почнеме сериозно, затоа што видовте каков атомски ракомет се играше и од наша страна и од страна на Полска.  Ние се подготвивме добро, мислам дека и физички добро издржавме. Мене само не ми се верува како во неполн ден променија толку многу работи. Тоа покажува дека во мечот за полуфинале ние ги изненадивме. Не велам дека не надмудрија, туку тоа е еден систем. Меѓутоа јас сум горд на момците. Мислам дека извадивме максимум. Не велам дека ние бевме подобри, туку системски Полјаците беа подобри од нас, иако ги победивме претходно. Ривалот покажа систем, дека минале една школа. Не е ова алиби, напротив, мене ми е криво што не победивме. Но, мора да се сложиме дека презентиравме добар ракомет. Се заљубив во овие деца, сакав да им се оддолжам и верувам во нив. Но, мора да знаат дека мора да работат и индивидуално, не само во клубовите, ако сакаат да ги пратат нивните врсници не говорам тука за домашни, туку за меѓународни рамки“, изјави Лазаров.