Ебрима Баџие и Ламин Дарбо, се нови фудбалери на Работнички, објави клубот.

Ебрима Баџие има 22 години и може да настапува како офанзивен играч за врска и како крилен напаѓач, а доаѓа од тимот на Брикама Јунајтед од Гамбија.

Додека, осумнаесет годишниот Ламин Дарбо е централен напаѓач, и, исто така, има настапувано во првенството на Гамбија.

Ламин Дарбо е помлад брат на Дембо Дарбо, кој во минатото настапуваше за Шкупи.