Тренерот на Ливерпул, Јурген Клоп ги разочара навивачите. Имено, тој изјави дека неговиот тим не планира да ангажира нови засилувања.

-Лето е, преоден рок е, сите очекуваат нови играчи. Ќе видиме што ќе се случи. Ајде да го погледнеме нашиот состав. Дали сакам нов бек, нов голман? Тука веќе имаме добри играчи. Во средниот ред имаме искусни фудбалери како што се Тијаго, Фабињо, Хендерсон, Чемберлејн и Кеита, вели Клоп кој продолжи:

-Плус ги имаме талентираните Елиот и Џонс. А,во нападот тука се Мане, Фирмино, Салах, Џо, Минамото и Ориги, заврши Клоп.