По напаѓачот Един Џеко, нов фудбалер на Интер ќе биде холандскиот репрезентативец од редовите на ПСВ, Дензел Демфрис. Тој практично игра на десната бековска позиција и треба да биде замена за Ашраф Хакими кој е продаден за 60 милиони на ПСЖ.

Како што пишуваат италијанските медиуми Интер го договорил Демфрис за 12,5 милиони евра, плус 2,5 милиони бонуси. Самиот фудбалер ќе добие 2,5 милиони евра годишна плата.

Џеко е веќе во Милано, треба да ги мине лекарските прегледи, па да потпише двегодишен договор, додека Демфрис се чека во Милано во наредните неколку денови.