На многумина им е сон да ги видат Лионел Меси и Кристијано Роналдо во ист тим. Најдобрите двајца на денешницата играле многу пати еден против друг, но никогаш заедно. Се чини дека сонот на многумина ќе им го оствари богатиот шеик и сопственик на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

Имено, според одредени светски медиуми тој веќе почнал преговори со менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорге Мендеш за преселба на Роналдо на „Паркот на Принцовите“. Неговиот договор со Јувентус истекува следната година, на 30-ти јуни, а веднаш потоа би можел да се пресели во Париз.

Токму Роналдо би бил замената за Килијан Мбапе, кој наводно сака да замине и има голема желба да го облече дресот на Реал Мадрид. Колку од ова ќе се исполни, ќе почакаме уште една година.