Челзи го освои Суперкупот на Европа откако на пенали со 7:6 го совлада Виљареа. Регуларниот дел и продолженијата завршија 1:1. Пред самите пенали, односно во финишот на продолженијата, тренерот на Челзи, Томас Тухел направи неочекувана измена. Сите му се чудеа. Го извади од игра голманот Менди, а на негово место го стави Кепа Аризабалага. И тоа се покажа како феноменален потег. Кепа одрбани два пенали, па е еден од најзаслужните за пехарот што го освои Челзи.