Македонскиот фудбалски репрезентаитвец Влатко Стојановски е нов фудбалер на хрватскиот прволигаш Горица.
Стојановски во Горица пристигнува како слободен играч и потпиша договор до 2024. година.
„Се чувствувам одлично, мило ми е што дојдов во добро организиран клуб, кој секоја година напредува се повеќе и има големи амбиции. Ми се допаѓа хрватската лига, ја следев досега и мислам дека за мене е добар предизвик“, рече Стојановски по потпишувањето.
Да потсетиме, екипата на француски Ним беше последниот клуб на Стојановски, а претходно играше и во Хрватска за екипите на Сплит и Дугопоље.
Стојановски пред да замине во Франција настапуваше за Ренова кога беше и најдобар стрелец во лигата.
Репрезентативниот напаѓач во новиот клуб ќе го носи дресот со број 70