Иако Лионел Меси, за кого вчера Барселона потврди дека заминува, односно дека нема да го продолжи договорот, се поврзуваше и со Манчестер Сити, сепак повторното обединување со Гвардиола нема да сеслучи. Тоа го потврди и самиот фудбалски стратег.
Веќе потрошивме 100 милиони фунти на Грилиш. Џек ќе го носи дресот со број 10. Ние бевме уверени дека Лео ќе продолжи во Барселона. Во моментов тој апсолутно не е во нашите мисли, изјави Гвардиола.
Синоќа Сити го потврди трансферот на Грилиш од Астон Вила со кој го урна рекордот во Премиер лигата откако платија 100 милиони фунти. Сега, веројатно е сигурно дека Меси ќе продолжи во ПСЖ, бидејќи останатите клубови не можат да си го дозволат Аргентинецот.