Најверојатно до крајот на неделата ќе има првичен договор со некој од операторите кој ќе ги исполнува условите да ги сервисира канадерите, кои не беа вклучени во гаснењето на пожарите токму од причина што не се сервисирани.

Во најдобар случај сервисирањето би траело од 30 до 40 дена, но директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути вели дека првиот од трите канадери ќе биде во функција и за пократко.

„Нашите воздухоплови се од типот ЕР-Трактор, се од помала верзија на авиони што се наменети на пожар и не се сервисирани од од ланската година. Постапката оваа година е започната навреме , на двапати е обжалена и на крајот имаме побарано од Бирото за јавни набавки да се оди со преговарање иамме согласност и веќе процедурата е во тек“, посочи Беким Максути.

За директорот Максути опремата не е најбитна, туку свеста на граѓаните, бидејќи ова се подметнати пожари. Во жешки денови проследени со ветер според него колку и да врвна опремата не може да не спаси. Вели дека до вчера Турција немала воопшто канадери, сега ги набавила 9-те од Русија и пак не може да ги стави пожарите под контрола. Дури според него не е проблем ниту набавката колку обуката на пилоти кои би управувале, бидејќи ова е ризична професија. Откако ќе се исцрпат сите механизми дури тогаш треба да се вклучат канадерите,, бидејќи е ризично и скапо.

„Опремата е предизвик, но не и најголем проблем . Најголем проблем , односно приориетт треб да се стави на свеста, на контролата, според сите показатели овие се подметнати пожари. Или намерно подметнати или се избувнати од невнимание на човечкиот фактор“, додава Беким Максути.

Максути нагласува дека потребна е погoлема контрола на системот како ни функционира. Во жешките денови потребна е погoлема контрола, патролирање, санкционирање на места каде не се почитува забраната за движење. Претпоставката е дека до сега се уништени 40 до 50 хектари, но се уште нема официјални.