На адреса на милански Интер пристигнала понуда од Челзи во износ од 100 милиони евра, плус бекот Маркос Алонсо. Сепак, во италијанскиот тим не размислувале долго, па брзо оваа понуда е одбиена. Како што пишуваат италијанските медиуми, наводно од Интер порачале дека Лукаку е недопирлив.

Белгиецот минатата сезона постигна 24 голови и го предводеше тимот до шампионската титула по пауза од 11 години. Поради финансиска криза, Интер веќе продаде една ѕвезда, еден од подобрите во тимот, бекот Хакими. Според италијанските медиуми најверојатно ќе има уште една голема продажба, но се чини дека тоа нема да биде Лукаку. Се претпоставува дека „жртва“ ќе биде Лаутаро.