Лионел Меси се уште е на одмор со своето семејство откако ја освои Копа Америка со Аргентина.

Меси пристигна во Барселона денес, но јасно е дека тој нема да остане таму долго бидејќи вториот дел од одморот традиционално ќе го помине на Ибица.

Најдобриот играч на светот се уште не го продолжил договорот со Барселона, па затоа е слободен играч, но се очекува се да се реши следната недела кога Меси треба да се приклучи на подготовките на каталонскиот клуб.

Барселона работи напорно за да се подготви за новата сезона и интересно е што Меси ќе ги пропушти прелиминарните натпревари, и дека се очекува да биде во составот на почетокот на сезоната.

Меси наскоро треба да потпише нов договор со Барселона, а од клубот наведуваат дека се е веќе договорено и дека нема причина за грижи.

Аргентинецот вчера се најде во центарот на вниманието поради своите објави на социјалните мрежи. Тој објави неколку видеа од теретана и покажа како тренира со сопругата Антонела.

Но, тој не очекуваше дека Антонела ќе се најде во центарот на пишувањето во медиумите, бидејќи тој ја снимаше од „незгоден агол“ додека таа тренираше.

Антонела направи вистински хаос на социјалните мрежи бидејќи многумина го коментираа нејзиниот задник, и му рекоа на Меси дека има навистина среќа.

Набргу потоа, Меси ги избриша овие видеа од Инстаграм, но веќе беше предоцна бидејќи тие видеа веќе почнаа да кружат на социјалните мрежи.