Репрезентативецот на Холандија, Вијналдум, тврди дека не дошол во ПСЖ поради парите.
Поранешниот играч на Ливерпул беше близу до Барселона ова лето и на крајот потпиша како слободен агент, како неколку големи sвезди, за францускиот ПСЖ.
Постоеше верување дека Вијналдум ги избрал парите, но тој цврсто ги отфрла ваквите обвинувања и посочува дека ПСЖ му даде предност на Барселона од спортски причини.
„Морам да признаам дека тоа беше многу тешка одлука. Јас сум навивач на Барселона уште од дете и сè уште се сметам за навивач на овој клуб. Преговаравме и имав добро чувство, но навистина разговарав и со други клубови. Разговарав со ПСЖ пред Барселона. Разговарав со Леонардо и Покетино, кои ги познавам од Тотенхем и тој сакаше да ме донесе во клубот порано. Покетино ме запозна со проектот на ПСЖ и ми објасни дека овој клуб сака да ја освои Лига 1 и Лигата на шампионите. Тоа ми се допадна веднаш. Затоа му реков дека сум заинтересиран“, рече Вијналдум и додаде:
„Од тој момент, преговорите беа едноставни. Тие направија навистина сè – и под тоа мислам навистина сè – за да станат член на нивниот клуб. Тие беа побрзи и имав навистина добро чувство да станам член на ПСЖ. Не стануваше збор за пари воопшто затоа што разликата во понудите беше мала и онака. Јас ги отфрлам сите обвинувања што велат дека сум дошол во ПСЖ поради парите “.
Покрај Вијналдум, ПСЖ ги донесе Џанлуиџи Донарума, Серхио Рамос и Ахраф Хакими ова лето и сега работи на доведување на Пол Погба од Манчестер Јунајтед.