Олимписката селекција на Мексико во рамките од Група А со убедливи 4:1 ја совлада олимписката селекција на Франција. Малку кој очекуваше ваков резултат на овој меч. Во првиот дел немаше голови, а штом почна вториот дел Алексис Варга од Гвадалахара постигна гол за 1:0, а во 55-та веќе беше 2:0 со голот на Кордова. Французите успеаја да се вратат, откако Андре Пјер Жењак од пенал погоди во 69-та минута, но сепак Мексико притисна во последните десетина минути и постигна уште два гола. Прво во 80-та Антуна зголми на 3:1, а Агире ги постави конечните 4:1.

Изненадување исто така е и ремито на Шпанија против Египет во рамките на Група В.  Голови немаше, а немаа ниту среќа Шпанците, бидејќи имаа неколку добри шанси за гол, пред се онаа на Дани Себаљос во 28-ма кога ја погоди стативата.

Во Група Б, Нов Зеланд славеше против Јужна Кореја со 1:0, а во Група Д, Брегот на слоновата коска славеше против Саудиска Арабија со 2:1.