Велшкиот репрезентативец Герет Бејл дефинитивно одлучи кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.
Бејл има договор со Реал до летото 2022 година и нема намера да го напушти Мадрид една година порано, и покрај бројните шпекулации за трансфер или дури и крај на неговата кариера.
Тој ги одби понудите од Соединетите држави, и ќе даде се од себе да се бори за место кај Карло Анчелоти следната сезона.
Бејл немаше многу среќа со Зинедин Зидан, кој често го чуваше на клупата, па дури и на трибините, поради што минатата сезона реши да ја помине на позајмица во поранешниот клуб Тотенхем.
И токму Анчелоти го донесе во Реал Мадрид во 2013 година и се очекува дека Велшанецот ќе добие шанса под палката во Реал и следната сезона.
Бејл одигра 251 натпревар за Реал, постигна 105 голови со 68 асистенции и освои 13 трофеи, вклучувајќи четири титули во Лигата на шампионите.