Еден од најдобрите македонски репрезентативци Аријан Адеми се повреди на синоќешниот меч против Омонија во рамките од квалификациите за ЛШ. Мораше пред време да го напушти натпреварот, а според информациите станува збор за повреда на бутниот мускул.
-Кај Адеми ударот е доста болен. Настрада бутниот мускул, можеби и задната ложа. Не сакам ништо да прогнозирам, но се надевам дека сѐ ќе биде во ред, изјави тренерот на Динамо, Дамир Крзнар.
По дополнителните медицински прегледи ќе се знае за каква повреда точно се работи и колку време за рехабилитација ќе му бидат потребни на Адеми.
Инаку, Динамо Загреб славеше со 2:0 во првиот меч, со што обезбеди солидна предност пред реваншот на Кипар.