Некои звучни имиња треба да се приклучат на редовите на англискиот великан во наредниот период.

Англискиот клуб веќе се согласи за трансфер на Џејдон Санчо од Дортмунд, а се очекуваат и дефанзивни засилувања, двајцата од Мадрид.

Стоперот на Реал Мадрид, Рафаел Варан е на чекор од трансфер на „Олд Трафорд“, како и десниот бек Киран Трипие од Атлетико.

„Сан“ пишува дека зделките се склучени и ќе бидат објавени до крајот на овој месец.

Манчестер Јунајтед ќе плати вкупно 80 милиони евра за споменатите играчи.

Варан има договор со Реал до летото 2023 година, но исто како што замина Серхио Рамос (кариерата ја продолжува во ПСЖ), така започна да пишува за заминувањето на Варан.

Нема посебна причина, но едноставно повикот од Манчестер Јунајтед може да биде сосема доволен за Варан да направи нов чекор во кариерата.

Варан можеби не сакаше да оди, но сега странските медиуми објавија дека му била испратена СМС-порака од легендарниот Рио Фердинанд, еден од идолите на Варан, само за да го убеди да се пресели на „Олд Трафорд“.

Во Мадрид, во изминатата деценија, Французинот освои се што можеше. Тој играше вкупно 360 пати за клубот и постигна 17 голови.